Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ПО ЕДНА ДЕЦЕНИЈА „ШЕМА“ СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТ: Филипче не знае да се снајде во улогата претседател на СДСМ, има таен договор со власта
„Венко Филипче не знае да се снајде во улогата претседател на СДСМ“, порача Игор Ивановски - Шема кој за првпат по една деценија се појави јавно и ги искажа неговите ставови во однос на ситуацијата внатре во СДСМ.

Професорот Игор Ивановски, познат во јавноста како „Шема“, по речиси една деценија повторно се појави во јавноста со остри критики за состојбите во СДСМ. Тој во гостување на ТВ Сител изјави дека Венко Филипче не се снашол во улогата претседател на партијата. Ивановски рече дека нема ништо лично против Филипче и дека го познава уште од неговите седумнаесет години, но смета дека лидерската функција во СДСМ не е за него. Според него, во партијата мора да има целосен дисконтинуитет и вистинска дебата за иднината.
Тој повика да престанат дискредитациите кон луѓето од платформата „Разговори за иднината во 12:05“ и кон нивните семејства. Ивановски посочи и дека во јавноста постои сомнеж за „таен договор со власта“, оценувајќи дека СДСМ не смее да продолжи со ваков пристап. Од СДСМ, пак, преку соопштение оценија дека платформата не е за разговори за иднината, туку за рушење на партијата одвнатре.
Целото гостување на професорот Ивановски за ТВ Сител може да го погледнете ТУКА.
