Македонија

(ФОТО) УНИШТЕНИ 470 КИЛОГРАМИ МЕСО ВО ВАСИЛЕВО: Пронајдени ќебапи, плескавици и внатрешни органи во нерегистрирана комора

Во Василево биле откриени и уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи во нерегистрирана комора. АХВ изрекла казни и мерка за затворање.

(ФОТО) УНИШТЕНИ 470 КИЛОГРАМИ МЕСО ВО ВАСИЛЕВО: Пронајдени ќебапи, плескавици и внатрешни органи во нерегистрирана комора

АХВ открила нерегистриран објект во месарница

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата недела спровела вонреден инспекциски надзор кај месарница во Општина Василево, при што на приватен имот била откриена нерегистрирана комора. При контролата, официјалните ветеринари пронашле и заплениле 400 килограми замрзнати месни подготовки, меѓу кои ќебапи и плескавици, како и 70 килограми внатрешни органи. Вкупно 470 килограми месни производи биле нештетно уништени на депонија, согласно законските процедури. Поради утврдените неправилности, изречена е мерка за времено затворање на комората, а на правното лице му се изречени и парични казни за работа во нерегистриран објект и неозначување на производите.

Уништени речиси 70 тони небезбедна храна од јануари до август

Од АХВ информираат дека во периодот од јануари до август 2026 година биле спроведени вкупно 74.838 инспекциски надзори. Во истиот период биле уништени 69.776 килограми небезбедна храна од домашниот промет и увозот, а бил забранет увоз на 21.105 килограми небезбедна храна од неживотинско потекло. Дополнително, во земјите на потекло биле вратени пратки со вкупно 122.602 килограми храна од животинско потекло. Агенцијата најавува дека ќе продолжи со редовни и вонредни контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на продажбата на небезбедна храна.

ОЗНАКИ: ахв