Македонија
Дознај прв
АХВ УНИШТИ 27,5 ТОНИ НЕБЕЗБЕДНО МЛЕКО ОД КОСОВО: Во него откриен афлатоксин над дозволеното ниво
АХВ спречила увоз на 27,5 тони УХТ млеко од Косово поради зголемено ниво на афлатоксин. Млекото е уништено на „Дрисла“.

Агенцијата за храна и ветеринарство спречила увоз на две пратки УХТ млеко од Косово, со вкупна тежина од 27.520 килограми. На граничниот премин „Блаце“ било утврдено присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации. Млекото било наменето за пласман во синџир маркети во земјава, но не стигнало до потрошувачите.
Млекото уништено под ветеринарен надзор
Небезбедните количини млеко минатата недела биле нештетно уништени на депонијата „Дрисла“, под надзор на официјален ветеринар. Мострите биле земени во рамки на Мониторинг програмата на АХВ за контрола на пратките со храна од животинско потекло при увоз во Македонија.
Засилени контролите на увозот на млеко
АХВ на 17 јули годинава донела решение за воведување посебни безбедносни мерки при увоз на млеко, млечни производи, како и производи со згуснато млеко и млеко во прав. Со мерките се засилени официјалните контроли и задолжителните лабораториски испитувања, со цел на домашниот пазар да се пласираат само безбедни и квалитетни производи и да се заштитат потрошувачите и домашните производители.
