Македонија
Дознај прв
ПРИСТИГНАА 400.000 ВАКЦИНИ: Почнува итна вакцинација на овците и козите низ Македонија
На скопскиот аеродром пристигнаа 400.000 дози вакцини против сипаници кај овците и козите. АХВ најави итна вакцинација низ цела Македонија.

На скопскиот аеродром пристигнаа 400.000 дози вакцини против сипаници кај овците и козите, донација од Европската Унија. Вакцините пристигнале преку Турција, а Агенцијата за храна и ветеринарство најави дека започнува итна вакцинација на целата територија на државата.
Вакцинацијата ќе се спроведува низ целата држава
Од АХВ информираат дека имунизацијата ќе се реализира согласно Планот за итна вакцинација, кој е одобрен од Европската Унија. Од Агенцијата велат дека со обезбедувањето на вакцините се создадени услови за почеток на активностите за заштита на животните и спречување на понатамошното ширење на болеста.
„Здравјето на животните и заштитата на сточниот фонд остануваат наш врвен приоритет“, наведуваат од АХВ.
АХВ – Над 10.000 грла добиток беа уништени
Епидемијата на сипаници кај овците и козите предизвика сериозни последици за сточарството во земјава. Во рамки на мерките за спречување на ширењето на болеста беа уништени повеќе од 10.000 грла добиток, меѓу кои и здрави животни кои превентивно беа усмртени. Епидемијата беше изолирана во најзагрозените источни подрачја, а сега со итната вакцинација се очекува да се зајакне заштитата на сточниот фонд.

