Македонија
Дознај прв
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СЕ СРЕТНА СО ГУВЕРНЕРОТ СЛАВЕСКИ: Економијата е стабилна, но се следат цените на храната и енергијата
Сиљановска-Давкова се сретна со гувернерот Трајко Славески, кој оцени дека економијата е стабилна, но треба да се следат цените и увозната зависност.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кој ја информирал за основните макроекономски показатели и мерките преземени во делот на макроекономската политика. На средбата се разговарало и за влијанието на глобалните геостратешки, финансиски и енергетски трендови врз македонската економија. Посебно внимание било посветено на последиците врз индустријата, трговијата и градежништвото.
Се следат увозната зависност и цените
Гувернерот Славески оценил дека македонската економија е стабилна и бележи солиден раст, но посочил дека внимателно треба да се следат увозната зависност, како и движењето на цените на храната и енергијата. Во услови на глобални економски и енергетски промени, овие фактори можат да имаат значително влијание врз домашната економија.
Предлог за трет вицегувернер
На средбата било истакнато и значењето на стручните и компетентни човечки ресурси за успешно функционирање на Народната банка и одржување на финансиската стабилност. Славески до Собранието доставил предлог за избор на трет вицегувернер. Од средбата било заклучено дека макроекономската стабилност и здравиот финансиски систем остануваат меѓу клучните приоритети за напредокот на земјата.
