Македонија

КОНЕЧНО СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА ПОЖАРОТ ОД КОЈ БЕШЕ ЗАДИМЕНО ЦЕЛО СКОПЈЕ: 90% од зафатените површини на Жеден се веќе изгаснати

Ставен под контрола пожарот на Жеден. Од таму доаѓаше димот од кој цело Скопје беше задимено претходните часови.

КОНЕЧНО СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА ПОЖАРОТ ОД КОЈ БЕШЕ ЗАДИМЕНО ЦЕЛО СКОПЈЕ: 90% од зафатените површини на Жеден се веќе изгаснати

Пожарот на планината Жеден, поради кој во изминатите денови беше задимено речиси цело Скопје, е ставен под контрола. Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов претходно посочи дека токму овој пожар бил причина за чадот кој се ширеше кон главниот град.

(ВИДЕО) ЗАДИМЕНО НАД СКОПЈЕ: Жителите се жалат дека не се дише, бела магла го покри градот

Пожарот зафатил голема површина

Огнот беше активен неколку денови на планината Жеден, а пожарот навлезе и во атарот над селото Бојане. Според информациите од терен, околу 90 проценти од зафатените површини се веќе изгаснати, додека пожарот е ставен под контрола.

Авни Амети, командир на тетовската противпожарна единица, која беше вклучена во гаснењето, информираше дека се изгаснати 90 проценти од зафатените површини со пожарот. Со ова, пожарот е ставен под контрола.

– Ја спасивме шумата. Пожарот беше со голема јачина. Апелирам граѓаните да внимаваат бидејќи температурите се високи за да не настануваат уште пожари. Уморни сме, секој ден има по 12-13 пожари, рече Амети.

Екипите остануваат на терен

Противпожарните екипи продолжуваат со активностите за целосно гаснење и спречување на повторно активирање на огнот. Надлежните упатуваат апел до граѓаните на внимателност, особено поради високите температури и зголемениот број пожари на отворен простор.