Хроника
Дознај прв
(ФОТО) ОВА СЕ ДВАЈЦА ОД ЧЕТВОРИЦАТА УАПСЕНИ ЗА ДВЕТЕ УБИСТВА ВО ЃОРЧЕ: МВР со детали
МВР уапси четири лица осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче Петров и Хром. Жртвите се 76-годишна жена и 62-годишен маж.

МВР со детали
Четири лица се уапсени под сомнение дека ги извршиле двете разбојништва со смртни последици во скопската населба Ѓорче Петров, при кои животот го загубија 76-годишна жена и 62-годишен маж. Станува збор за А.С. (22), Х.Е. (20) и К.А. (58), сите од Скопје, како и М.Р. (26) од Струмица, информираше портпаролот на МВР, Гоце Андреевски. Четворицата биле лишени од слобода во текот на вчерашниот ден, непосредно по вториот случај, а полицијата ги сомничи за две кривични дела „разбојништво“ со последица смрт.
Жената била врзана, претепана и ограбена
76-годишната жена била пронајдена мртва во својот дом на улицата „Ѓурчин Кокале“, каде што живеела сама и имала кревко здравје. Според информациите од случајот, разбојниците влегле преку задната врата, ја извлекле од постелата, ја врзале, претепале и ограбиле, по што таа починала. Пет дена претходно, речиси идентично злосторство се случило во населбата Хром, каде што во својот дом бил пронајден мртов 62-годишен маж.

И неподвижниот маж бил цел на разбојниците
Мажот бил речиси неподвижен, живеел сам и по смртта на мајка му за него се грижеле соседите. Поради здравствената состојба, често ја оставал вратата отклучена за да можат да го посетуваат, а разбојниците, според информациите од случајот, влегле преку прозорец, за што сведочел пресечениот комарник. Соседите велат дека во последно време речиси и не излегувал од домот и најчесто престојувал во една соба, каде што бил пронајден. Од Обвинителството информираат дека се прибираат докази и дека засега не можат да откријат повеќе детали, а обдукциите на двете жртви се извршени.

