Македонија

ЛДП: Ракот ги убива жените во Македонија, за превенција не се доволни само кампањи

ЛДП алармира за слабата покриеност на скрининг-прегледите за рак кај жените и бара гарантирани термини, автоматски покани и платен ден за превенција.

ЛДП: Ракот ги убива жените во Македонија, за превенција не се доволни само кампањи

ЛДП бара гарантирани термини и платен ден за превенција

Денеска со симболична герила акција Либерално-демократската партија (ЛДП) алармираше дека раното откривање на канцерот може да спаси живот, но за превенција не се доволни кампањи, празни ветувања и изговори дека нема термини!, се вели во соопштението од ЛДП што МИА го пренесува интегрално.

Додека надлежните штедат на здравјето, жените во Македонија се соочуваат со сурова реалност и погубна статистика – според Државниот завод за ревизија, со скрининг-мамографија се опфатени одвај 0,8 до 5,4 проценти од жените, а со скрининг за рак на грлото на матката само 10,3 до 15,5 проценти. Ова не е обична статистика, зад овие бројки стојат човечки животи изгубени во систем без грижа“, изјави претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието на Македонија, Моника Зајкова.

Како што велат од партијата, од тие причини ЛДП бара итни системски решенија: гарантирани термини за превентивни прегледи, автоматски покани за скрининг, еден платен слободен ден годишно за превенција и преглед на товар на државата во приватното здравство кога јавниот систем не може навреме да обезбеди термин. Болеста не знае да чека и не познава административни бариери“, велат од ЛДП.

ЛДП  бараат јавно објавување на листите на чекање

Дополнително, бараме Министерството за здравство секој месец јавно да објавува колку термини се достапни за мамографија, ехо на дојка и ПАП-тестови, колку граѓани чекаат и колку долго. При секое сомневање за канцер мора да има итна дијагностичка постапка, а не чекање со месеци по коридорите!

Не бараме привилегии, туку здравствен систем во кој навремениот преглед е право, а не среќа, бидејќи држава што штеди на превенција, утре плаќа со човечки животи!“, велат од ЛДП.

ЛДП

ОЗНАКИ: ЛДП