Свет
Дознај прв
ДОЈАВА ЗА БОМБА НА ЛЕТОТ ЛОНДОН – СОФИЈА: Авионот принудно слетал во Будимпешта

Патниците на летот на Wizz Air од Лондон кон Софија доживеале вистинска драма откако била добиена дојава за поставена бомба во авионот. Поради безбедносната закана, унгарски борбен авион „Грипен“ бил испратен да го пресретне и придружува патничкото летало до Будимпешта.
Авионот „Ербас А321нео“ го променил правецот на летање и побарал итно слетување на аеродромот „Лист Ференц“. По слетувањето, на местото пристигнале полиција, пожарникари и антитерористички служби, кои извршиле безбедносни проверки. Од Wizz Air потврдиле дека авионот безбедно слетал и дека соработуваат со надлежните институции. Поради инцидентот, една од пистите на аеродромот во Будимпешта била привремено затворена, а летовите биле пренасочувани.
Извор: The Sun
