Регион

АЛБАНСКО ДРЖАВЈАНСТВО ДОБИЛЕ РЕЧИСИ ДВОЈНО ПОМАЛКУ ЛИЦА: Значително намален интересот во 2025 година

Албанско државјанство во 2025 година добиле 495 лица, речиси двојно помалку од претходната година, покажуваат податоците на ИНСТАТ.

АЛБАНСКО ДРЖАВЈАНСТВО ДОБИЛЕ РЕЧИСИ ДВОЈНО ПОМАЛКУ ЛИЦА: Значително намален интересот во 2025 година

Во Албанија минатата година е забележан значителен пад на интересот за добивање албанско државјанство, покажуваат податоците на албанскиот Институт за статистика – ИНСТАТ. Според официјалните бројки, во 2025 година албанско државјанство добиле 495 лица, што е речиси двојно помалку во споредба со претходната година, кога биле регистрирани 919 лица. Од вкупниот број, 306 лица побарале враќање на претходно откажаното државјанство, додека 189 лица го добиле албанското државјанство првпат.

Најмногу барања од Косово

Во структурата на лицата кои добиле албанско државјанство доминираат граѓаните на Косово, кои сочинуваат 56,1 отсто од вкупниот број. По нив следуваат турските државјани со 20,1 отсто, додека македонските и италијанските државјани учествуваат со по 4,8 отсто. Овие податоци покажуваат дека интересот за албанско државјанство и понатаму најмногу доаѓа од регионот, но во значително помал обем од претходно.

Намален и бројот на откажувања

Покрај падот на бројот на нови државјанства, во 2025 година е намален и бројот на барања за откажување од албанско државјанство. Минатата година такво барање доставиле 173 лица, наспроти 472 лица една година претходно. Според податоците, над 35 отсто од лицата кои добиле државјанство и околу 42 проценти од оние кои се откажале од него припаѓаат на возрасната група од 30 до 39 години.