Скопје
Дознај прв
ПОЗНАТИ СУМИТЕ: Колку пари ќе чини повратната карта од Скопје до Дубаи?

По повеќе од седум години пауза, авиокомпанијата „Флајдубаи“ повторно ќе воспостави директна авиолинија меѓу Скопје и Дубаи, а позната е и почетната цена на билетите. Според официјалното соопштение на компанијата, директните летови ќе започнат на 1 април 2027 година, а ќе се реализираат трипати неделно – секој понеделник, четврток и сабота.
Повратен билет од Скопје до Дубаи во економска класа, според тарифата „Lite“, ќе чини од 570 евра. За патниците кои ќе изберат бизнис-класа, почетната цена на повратниот билет изнесува 3.000 евра. Летот од Скопје ќе биде со поаѓање во 14:30 часот, а пристигнувањето е предвидено во 21:45 часот по локално време.
Во обратна насока, авионот од Дубаи ќе полетува во 9:55 часот и ќе пристигнува во Скопје во 13:30 часот. Билетите се достапни за резервација преку официјалната веб-страница на „Флајдубаи“, а цените се почетни и зависат од достапноста.
Прочитајте повеќе од веста во продолжение:

