Свет
Дознај прв
ЗЕЛЕНСКИ СЕ НАДЕВА НА ПОГОЛЕМА ПОМОШ ОД САД: Победата на демократите може да донесе повеќе оружје и пари за Украина
Володимир Зеленски се надева дека демократите ќе обезбедат поголема американска финансиска и воена помош за Украина по победата на конгресните избори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека победата на демократите на американските конгресни избори ќе донесе поголема финансиска и воена помош за Украина. Во интервју за германската телевизија ZDF, тој рече дека очекува промените во американскиот Конгрес, каде што демократите следната година треба да ја преземат контролата врз двата дома, да бидат во корист на Киев. Зеленски нагласи дека е благодарен и за поддршката од републиканците, но оцени дека демократите појасно се залагаат за продолжување на помошта за Украина.
Зеленски очекува поголема поддршка од Вашингтон
„Демократите многу јасно зборуваат за поддршка на Украина и обезбедување помош за неа“, порача Зеленски. Тој додаде дека очекува и обновување на односите меѓу САД и Европа, што според него би можело да донесе поголема рамнотежа и посилна поддршка за Киев. Украинскиот претседател смета дека зголемената американска финансиска и воена помош би можела да влијае и врз рускиот претседател Владимир Путин.
Најавени нови разговори меѓу Украина и Русија
Во интервјуто Зеленски се осврнал и на односите со американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа нарушени по нивната средба во Овалната соба во февруари 2025 година. Во меѓувреме, по повеќемесечна пауза, се очекува продолжување на трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија. Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф најавил дека делегациите треба да се сретнат на 10 и 11 ноември во Абу Даби, каде што ќе разговараат за завршување на војната и безбедносните договори по нејзиното завршување.

