Хроника
Дознај прв
ГОСТИВАРЕЦ ЈА ПРИНУДУВАЛ СВОЈАТА 80-ГОДИШНА МАЈКА ДА ПРОСИ: Уапсен е и пријавен за трговија со луѓе
60-годишен гостиварец е пријавен за трговија со луѓе, откако според МВР ја принудувал својата 80-годишна мајка на питачење.

60-годишен маж од Гостивар е лишен од слобода и кривично пријавен за трговија со луѓе, откако, според МВР, во текот на 2025 и 2026 година ја принудувал својата 80-годишна мајка на питачење. Осомничениот ја искористувал нејзината ранливост, зависната положба и физичката неспособност, бидејќи жената се движи со инвалидска количка и не може самостојно да ги извршува секојдневните активности. Целта, според полицијата, била стекнување противправна имотна корист.
Ја носел мајка си на локација и ги земал парите
Според информациите од МВР, мажот подолг период континуирано ја носел мајка си на одредена локација во Гостивар, каде што ја принудувал да проси. Тој постојано бил во нејзина близина, ја надгледувал и ја контролирал нејзината активност. Откако ќе собрала пари, наводно насилно и дрско ѝ ги одземал средствата и ги користел за свои потреби.
Извршен претрес, одземени телефони и пари
На 6 ноември, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, под раководство на надлежен јавен обвинител, поднела кривична пријава против осомничениот за „трговија со луѓе“ по член 418-а од Кривичниот законик. Со судска наредба од Основниот кривичен суд Скопје бил извршен претрес во домот и други простории на подрачјето на Гостивар. При претресот биле пронајдени и привремено одземени мобилни телефони и парични средства за кои се сомнева дека потекнуваат од кривичното дело.

