Спорт
Дознај прв
ИНФАНТИНО СЕ ОТКАЖА ОД ПРОШИРУВАЊЕ НА МУНДИЈАЛОТ: Нема да има 64 репрезентации на Светското првенство
Џани Инфантино се откажал од планот за проширување на Светското првенство на 64 репрезентации, објави британскиот „Тајмс“.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се откажал од идејата за дополнително проширување на Светското првенство во фудбал, објави британскиот весник „Тајмс“. Според информациите, Инфантино ги известил претседателите на шесте континентални конфедерации дека нема да ја продолжи иницијативата за зголемување на бројот на учесници ниту на Мундијалот, ниту на Светското клупско првенство. Во јули годинава тој најави можност Светското првенство во иднина да се прошири од 48 на 64 репрезентации, но предлогот наиде на критики.
Несогласувања меѓу ФИФА и УЕФА
Идејата за проширување предизвика несогласувања меѓу ФИФА и УЕФА, кои дополнително се продлабочија по предлогот за основање компанија „FIFA Forward Enterprise“. Преку неа требаше да се обедини комерцијалното работење на ФИФА и организацијата на турнирите, со можност за влез на приватни инвеститори. УЕФА остро се спротивстави на иницијативата и предупреди на можен бојкот на натпреварувањата организирани од светската фудбалска централа.
Инфантино се подготвува за нов мандат
Инфантино ја предводи ФИФА од 2016 година, а се очекува да се кандидира за нов мандат на изборите во март 2027 година во Мароко. Откажувањето од идејата за дополнително проширување доаѓа во период на затегнати односи меѓу двете највлијателни фудбалски организации.

