Македонија

(ВИДЕО) АЕРОДРОМ И ГАЗИ БАБА НАСКОРО ЌЕ БИДАТ ПОВРЗАНИ: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро ќе биде пуштен во функција. Се асфалтираат пристапните улици за поврзување на Аеродром и Гази Баба.

(ВИДЕО) АЕРОДРОМ И ГАЗИ БАБА НАСКОРО ЌЕ БИДАТ ПОВРЗАНИ: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, наскоро ќе биде ставен во функција. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информира дека веќе се асфалтираат пристапните улици, со што се приближува завршувањето на проектот. Според него, за неполна година бил деблокиран процесот што со години стоел во место, а претходно била решена и експропријацијата неопходна за пристапните улици.

Се асфалтираат пристапните улици по мостот

Мостот, кој граѓаните го нарекувале „мост за ловење риба“, конечно треба да ја добие својата вистинска намена и да овозможи директно поврзување на двете општини. Со неговото ставање во функција се очекува полесно движење на граѓаните, пократко време на патување и растоварување на сообраќајот.

Продолжува експропријацијата за булеварот

Ѓорѓиевски информира дека паралелно продолжува и експропријацијата на преостанатиот дел од булеварот, сè до целосно завршување на проектот. Тој порача дека обврската е инфраструктурниот проект да биде довршен во целост и дека мостот наскоро ќе започне да ја исполнува својата намена.

Жан Митрев