Свет

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО КИНА: 14 лица загинаа во зграда во Тајјуан, уште 25 се во болница

Четиринаесет лица загинаа во пожар во зграда во кинескиот град Тајјуан. Уште 25 лица се во болница, од кои девет со сериозни повреди.

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО КИНА: 14 лица загинаа во зграда во Тајјуан, уште 25 се во болница

Четиринаесет лица загинаа во пожар што избувнал во зграда во градот Тајјуан, во северната кинеска провинција Шанси, објави државната новинска агенција „Синхуа“. Според информациите пренесени од кинеските медиуми, пожарот избувнал вчера попладне, по локално време, во зграда во централниот дел на градот. Пожарникарите имале потреба од околу два часа за да го изгаснат огнот. Причината за пожарот засега не е утврдена, а надлежните органи започнале истрага.

Два часа траело гаснењето на пожарот

Во пожарот има и повредени лица, а вкупно 25 лица сè уште се наоѓаат во болница. Од нив, девет се здобиле со сериозни повреди, пренесуваат медиумите повикувајќи се на информации од надлежните органи.

Причината за пожар уште не е позната

Засега не се соопштуваат дополнителни детали за околностите под кои избувнал пожарот, ниту што го предизвикало. Надлежните служби треба да ги утврдат причините и сите околности на трагичниот настан.

Жан Митрев