Скопје
Дознај прв
ДИМЧЕ АРСОВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА МКЦ: Бени Шаќири ќе биде советник на Орце Ѓорѓиевски

Димче Арсовски е нов директор на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, откако досегашниот директор Бени Шаќири поднесе неотповиклива оставка. Информацијата ја објави Шаќири на својот Фејсбук-профил, наведувајќи дека оставката ја поднесува од лични причини.
Тој ќе остане дел од кабинетот на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, но на позицијата советник за култура. Арсовски е поранешен портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, функција што ја извршуваше од 2018 до 2021 година. Шаќири беше назначен за директор на МКЦ во јануари 2024 година од тогашната градоначалничка Данела Арсовска.
При примопредавањето на функцијата, тој му посака успех на новиот директор и изрази надеж дека ќе придонесе за развој на културата во Скопје.
Димче Арсовски е нов директор на МКЦ, а тоа е потврдено и од Бени Шаќири. Погледнете повеќе.

