Скопје
Дознај прв
КАМЕНИОТ МОСТ ВО СКОПЈЕ ДОБИ НОВО ОСВЕТЛУВАЊЕ: Повторно блесна симболот на главниот град
Камениот мост во Скопје блесна со ново архитектонско осветлување. Проектот е реализиран преку соработката меѓу Град Скопје и Општина Есенлер.

Камениот мост во Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое вечерва беше пуштено во употреба во присуство на градоначалникот на Општина Есенлер од Турција, Мехмет Тевфик Гоксу, турскиот амбасадор Алпер Акташ и претставници на Халк Банка. Со новото осветлување се истакнуваат камените сводови и архитектонската убавина на еден од најпрепознатливите симболи на Скопје. Дополнително, осветлени се и уште два моста кои подолг период не биле во функција.
Проект реализиран преку соработката со Турција
Проектот произлегува од Протоколот за пријателство и соработка меѓу Град Скопје и Општина Есенлер. Во реализацијата учествувале и Халк Банка, нејзиниот извршен директор Фатих Шахбаз и почесниот конзул Ајдован Адемоски. На свеченото пуштање во употреба присуствувал и турскиот амбасадор во земјава, Алпер Акташ.
Камениот мост останува симбол на Скопје
Камениот мост со векови ги поврзува двата брега на Вардар и претставува едно од најзначајните историски обележја на главниот град. Новото осветлување треба дополнително да ја истакне неговата архитектура и да му даде поинаков изглед во вечерните часови. Од Град Скопје упатија благодарност до партнерите од Турција за поддршката и придонесот во реализацијата на проектот.

