Свет

МЕРЦ СЕ ЗАКАНИ СО БЛОКАДА НА БУЏЕТОТ НА ЕУ: Бара сите членки заеднички да ја финансираат Украина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц бара сите членки на ЕУ да ја финансираат Украина, во спротивно се заканува со блокада на буџетот за 2028–2034 година.

МЕРЦ СЕ ЗАКАНИ СО БЛОКАДА НА БУЏЕТОТ НА ЕУ: Бара сите членки заеднички да ја финансираат Украина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека ќе го блокира усвојувањето на седумгодишниот буџет на Европската Унија за периодот од 2028 до 2034 година, доколку земјите членки не се обврзат заеднички да ја финансираат Украина. Според пишувањето на „Фајненшл тајмс“, Мерц во писмо до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, побарал правична распределба на финансискиот товар меѓу сите членки. Причината е што Украина следната година би можела да се соочи со финансиски недостиг од околу 70 милијарди евра.

Мерц бара долгорочно финансирање на Украина

Германскиот канцелар бара да се обезбеди стабилен модел за финансирање на Украина и по 2028 година, вклучително и покривање на каматите на постојните финансиски обврски. Според неговиот став, помошта не треба да биде товар само на неколку земји, туку одговорност на сите членки на Унијата.

Украина на дневен ред на лидерите на ЕУ

Прашањето за финансирањето на Украина се очекува да биде една од главните теми на претстојната неформална средба на европските лидери во Даблин. Дебатата ќе се однесува на начинот на кој Унијата ќе ја обезбеди финансиската поддршка во наредните години и како таа ќе биде распределена меѓу земјите членки.

Жан Митрев