Македонија

НЕСРЕЌА ВО ЦЕНТАРОТ НА БИТОЛА: Стакло од излог паднало врз две девојчиња поради силниот ветер

НЕСРЕЌА ВО ЦЕНТАРОТ НА БИТОЛА: Стакло од излог паднало врз две девојчиња поради силниот ветер

Две девојчиња се повредени откако стакло од излог паднало врз нив во центарот на Битола. Станува збор за излогот на Одделението за водење матични книги во градот. Според информациите, стаклото се скршило и паднало поради силниот ветер. Повредените девојчиња со возило на Брза помош биле пренесени во Клиничката болница во Битола. На местото на настанот излегле и полициски екипи. Засега нема дополнителни информации за тежината на повредите.

Фото и целата вест: СДК.мк

Жан Митрев