Македонија

ГРАЃАНИТЕ РЕВОЛТИРАНИ ПО ОДЛУКАТА НА СУДОТ ВО ОХРИД: Кристијан Корабоски доби кривична пријава и забрана да и се приближува на Сара наместо притвор

ГРАЃАНИТЕ РЕВОЛТИРАНИ ПО ОДЛУКАТА НА СУДОТ ВО ОХРИД: Кристијан Корабоски доби кривична пријава и забрана да и се приближува на Сара наместо притвор
Граѓаните реагираат со револт по одлуката на Основниот суд во Охрид, откако 28-годишниот Кристијан Корабоски, осомничен за бруталниот напад врз Сара Ѓоргиевска, доби мерки на претпазливост наместо притвор. СВР Охрид поднесе кривична пријава против Корабоски за кривично дело „тешка телесна повреда“ според член 131 став 3 од Кривичниот законик. Сара беше нападната на 15 ноември, по што беше исфрлена од возилото пред супермаркет. Таа се здоби со тешки телесни повреди и беше хоспитализирана. Судот му одреди мерки со кои Корабоски не смее да ѝ се приближува на Сара и да ја контактира. Одлуката предизвика реакции и незадоволство кај граѓаните, кои очекуваа построга мерка за осомничениот за насилството. Меѓудругото, утрово се огласи и мајката на претепаното девојче, Ирена Ѓорѓиеска која вели дека насилникот (кој веќе е на слобода) побарал нож да ја „докрајчи“ и сакал да ја фрли во провалија.
И покрај тоа што синоќа ниту еден портал не објави слики од насилникот, утрово повеќе јавни личности како новинарот Зоран Божиновски, инфлуенсерката Тара Симов и многу други објавија име, презиме и фотографии од насилникот. Дел од медиумите како „Слободен печат“, „А1он“ и други веќе објавија име и презиме од насилникот, а некои и слика. Еве и ние.
Жан Митрев