Магазин
Дознај прв
РОБЕРТ ПАТИНСОН Е НОВИОТ ЏЕЈМС БОНД: Ќе го наследи Даниел Крег како агентот 007
Роберт Патинсон официјално е избран за новиот Џејмс Бонд. Ќе го наследи Даниел Крег во филмот „Бонд 26“, во режија на Дени Вилнев.

Британскиот актер Роберт Патинсон официјално е избран за новиот Џејмс Бонд, соопштија од Amazon MGM Studios. Тој ќе го наследи Даниел Крег, кој го толкуваше легендарниот таен агент од 2006 година, кога дебитираше во „Казино Ројал“, па сè до филмот „Нема време за умирање“ од 2021 година. Патинсон ќе биде седмиот актер кој ќе ја добие оваа улога во официјалната филмска франшиза.
„Бонд 26“ добива познат режисерски тим
Новиот филм, кој засега го носи работниот наслов „Бонд 26“, е во фаза на развој, а сценариото го пишува Стивен Најт, креаторот на серијата „Пики Блајндерс“. Режијата му е доверена на Дени Вилнев, познат по филмската серија „Дина“, додека продуценти ќе бидат Ејми Паскал и Дејвид Хејман.
Патинсон: Улогата е остварување на сон
Патинсон изјави дека добивањето на улогата на Џејмс Бонд е голема чест и остварување на сон, заблагодарувајќи им се на режисерот, продуцентите и студиото за довербата. Вилнев, пак, порача дека е воодушевен што токму Патинсон ќе го преземе ликот на агентот 007.
