Регион
Дознај прв
ПАТРИОТСКО ДРУШТВО АЛАРМИРА: Родители внимавајте, се врбуваат млади од Скопје за криминални активности во Србија и Црна Гора!

Патриотско друштво преку објава на Фејсбук упати апел до родителите и младите, предупредувајќи на информации за можни обиди за врбување млади од Скопје за криминални активности во Србија и Црна Гора. Според нивната објава, вакви информации се однесуваат особено на млади од Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево и други општини. Од друштвото посочуваат дека постојат и информации за можни обиди за радикализација и регрутација во екстремистички организации, меѓу кои и ИСИС, но нагласуваат дека сите вакви наводи треба сериозно да се проверат.
Тие ги повикуваат родителите да обрнат внимание доколку нивните деца одеднаш добиваат скапи подароци, пари или бесплатни патувања од сомнителни лица. Воедно, апелираат за разговор со младите и поголема внимателност во однос на нивните контакти. Од друштвото повикуваат сите кои имаат конкретни сознанија за вакви обиди или криминални активности да ги пријават во полиција или да ги достават до нив за да стигнат до надлежните институции. „Нашите деца не смеат да станат алатка за туѓи криминални и екстремистички интереси! Да ја заштитиме македонската младина пред да биде предоцна!“, се завршува со пораката.
За ова, нашата редакција има пишувано и порано, по прилогот на емисијата КОД. Погледнете повеќе од веста во продолжение:

