Регион

НОВИ ПОРАКИ ОД СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА: Цанов тврди дека го молела да го повлече видеото за ДАНС

Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави пораки и разговори со Ива Михаилова и нејзината мајка, тврдејќи дека барале да не го објавува видеото за ДАНС.

НОВИ ПОРАКИ ОД СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА: Цанов тврди дека го молела да го повлече видеото за ДАНС

Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео со пораки и делови од разговори со Ива Михаилова и нејзината мајка Христина. Цанов тврди дека Михаилова му пишала само неколку минути по објавувањето на неговото прво видео, во кое таа зборува за наводни притисоци од бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС). Според објавената преписка, таа барала веднаш да ѝ се јави и изразила страв за сопствената безбедност и за безбедноста на родителите. „Јави ми се веднаш. Крени ми, зашто сите ќе умреме уште вечерва“, гласи една од пораките што ги пренесува Цанов. Јутјуберот тврди дека пораките подоцна биле избришани, но дека претходно направил видеоснимка од преписката. Следното утро, Михаилова јавно објавила дека во Бугарија добила помош и поддршка и дека никој не ја принудувал да прави што било.

Ива Михаилова
Фото: Принтскрин од видео објавено од бугарскиот јутјубер Станислав Цанов

Во разговорот се вклучила и нејзината мајка

Во новото видео Цанов објавува и дел од телефонски разговор со жена која ја претставува како мајката на Ива Михаилова. Таа бара во интервјуто да не се споменуваат безбедносните служби, наведувајќи дека тоа е нејзиниот единствен услов. Во разговорот, според објавената снимка, жената вели дека во спротивно „ќе ме ликвидираат“.

Цанов нуди да ги предаде снимките на проверка

Јутјуберот тврди дека располага со целосни аудиоснимки од разговорите, кои траат повеќе од два часа. Тој изјавува дека е подготвен да ги предаде на проверка. Наводите и пораките се дел од материјалите што ги објави Цанов, а нивната автентичност и околностите во кои настанале не се независно потврдени.

Ова претходи на претходното видео создадено од истиот јутјубер кој вели дека на Ива Михаилова и било забрането да снима со него.

Жан Митрев