Регион

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТУВАЊАТА ВО ГРЦИЈА: Тридневен прекин на сообраќајот кон Солун – ќе мора да користите алтернативни правци

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТУВАЊАТА ВО ГРЦИЈА: Тридневен прекин на сообраќајот кон Солун – ќе мора да користите алтернативни правци

Возачите кои викендов планираат да патуваат кон Солун или да се враќаат од Грција треба да сметаат на изменет режим на сообраќај, откако грчката полиција најави целосно затворање на дел од автопатот Солун – Евзони. Прекинот ќе започне во петок, 20 ноември, во 08:00 часот и ќе трае до понеделник, 23 ноември, до 12:00 часот. Затворена ќе биде делницата меѓу клучките Поликастро и Агиос Атанасиос, во двете насоки, кон Солун и кон граничниот премин Евзони – Богородица.

Причината за затворањето се градежни активности, односно уривање на надвозник на 14-тиот километар од патот. За време на прекинот, сообраќајот ќе се пренасочува преку патот Солун – Едеса и стариот пат Солун – Евзони. Алтернативната траса ќе минува низ населените места Гефира, Прохома и Кастанас, по што возилата ќе продолжуваат кон Поликастро. Истите правила за пренасочување ќе важат и за возилата што се движат во спротивната насока, од Поликастро кон Солун.

Жан Митрев