Скопје

(ВИДЕО) НАМЕСТО ЗГРАДИ – НОВ МЕГА ПАРК: 50.000 квадратни метри зеленило во Бутел

(ВИДЕО) НАМЕСТО ЗГРАДИ – НОВ МЕГА ПАРК: 50.000 квадратни метри зеленило во Бутел

На местото каде што некогаш биле планирани станбени згради, денес се наоѓа новиот мега парк „Бутелска оаза“, кој се простира на површина од 50.000 квадратни метри. Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, преку објава на социјалните мрежи го истакна значењето на проектот, потенцирајќи дека наместо нови објекти, просторот е претворен во зелена и рекреативна зона.

„Таму каде што беа планирани згради, денес има 50.000 м² парк! Некои одлуки го менуваат просторот. Оваа ја менува иднината!“, порача Костовски. Паркот располага со пешачки патеки, детски катчиња, фитнес-зони и простори за одмор и дружење.

Со пораката „За генерациите што доаѓаат“, градоначалникот посочи дека вложувањето во јавни зелени површини е инвестиција во квалитетот на животот. Проектот претставува трансформација на просторот во која приоритет добиваат зеленилото и рекреацијата наместо дополнителната изградба.

Погледнете го ВИДЕОТО:

Жан Митрев