Македонија

(ВИДЕО) ПОВТОРНО БЕЗ СТРУЈА ДЕЛ ОД ФАКУЛТЕТИТЕ НА УКИМ: Прекинати предавања поради проблеми со снабдувањето

Дел од факултетите на УКИМ повторно останале без струја, а предавањата биле прекинати. Долгот на универзитетот изнесува околу половина милион евра.

(ВИДЕО) ПОВТОРНО БЕЗ СТРУЈА ДЕЛ ОД ФАКУЛТЕТИТЕ НА УКИМ: Прекинати предавања поради проблеми со снабдувањето

Дел од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска повторно останале без електрична енергија, поради што професорите ги прекинале предавањата. Новиот прекин доаѓа само неколку дена по проблемите со снабдувањето со струја на факултетите и Ректоратот на УКИМ, кои претходно беа исклучени поради неплатени сметки. Долгот на универзитетот изнесува околу половина милион евра.

Јаневска уверуваше дека нема да има нови исклучувања на УКИМ 

Министерката за образование Весна Јаневска претходно изјави дека средствата за подмирување на обврските се обезбедени преку ребалансот на буџетот и дека нема причина за повторно исклучување на електричната енергија. Сепак, денешниот прекин повторно го отвори прашањето за снабдувањето со струја на факултетите.

Левица објави снимки од факултетите

Информацијата за повторниот прекин ја објави политичката партија Левица, од каде што тврдат дека до нив пристигнале видеоснимки на кои се гледа дека дел од факултетите на УКИМ се без електрична енергија. Според нивните информации, поради прекинот биле прекинати и предавањата.

ОЗНАКИ: УКИМ
Жан Митрев