Регион
Дознај прв
(ВИДЕО) УЧЕНИК (17) СО ПУШКА ВЛЕГОЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО КРАГУЕВАЦ: Ранил вработена, полицијата веднаш го привела
Седумнаесетгодишен ученик вооружен со малокалибарска пушка влегол во училиште во Крагуевац и ранил вработена. Полицијата го привела, учениците се безбедни.

Инцидент со пукање се случил утрово, нешто пред 8 часот, во Првото техничко училиште во српскиот град Крагуевац, каде што 17-годишен ученик влегол вооружен со малокалибарска пушка и ранил една вработена. Според првичните, сè уште неофицијални информации, малолетникот пукал кон хигиеничарките кои во тој момент се наоѓале во ходникот и просториите на училиштето. Една од работничките била погодена, по што интервенирала полициска патрола која се наоѓала во непосредна близина и го привела ученикот. Според информациите од теренот, учениците и наставниците се безбедни.
Полицијата и Жандармеријата од Крагуевац го блокирале реонот
По пријавата, пред училиштето биле испратени засилени полициски сили, припадници на Жандармеријата и екипи на Итната помош. Повредената жена била згрижена, а според првичните информации, нејзиниот живот не е во опасност. Реонот околу училиштето бил блокиран додека форензичарите и инспекторите вршеле увид.
Се очекуваат официјални информации за нападот
Информациите за пукањето ги пренесуваат српските медиуми, како и извор телеграф.рс повикувајќи се на неофицијални извори. Засега не се соопштени мотивите за нападот, а се очекува официјално соопштение од Министерството за внатрешни работи и надлежното обвинителство.

