Македонија

(ВИДЕО) „ВАКВИОТ НАЧИН НА КОМУНИКАЦИЈА НЕ Е ВО РЕД“: Сиљановска-Давкова со реакција до СДСМ на расправата за случајот „Алта банка“

(ВИДЕО) „ВАКВИОТ НАЧИН НА КОМУНИКАЦИЈА НЕ Е ВО РЕД“: Сиљановска-Давкова со реакција до СДСМ на расправата за случајот „Алта банка“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова реагираше на начинот на комуникација на пратениците од СДСМ за време на денешната надзорна расправа во Собранието за случајот „Алта банка“, оценувајќи дека таквиот однос воопшто не е во ред. „Ваквиот начин на комуникација воопшто не е во ред, а вие сте за тоа одговорни“, им порача таа на пратениците. Сиљановска-Давкова нагласи дека нејзиниот легитимитет не произлегува од парламентот, туку од граѓаните, потсетувајќи дека добила 560.000 гласови. „Дојдов bona fide, со почит. Најмногу дојдов заради граѓаните“, рече претседателката.

Одговарајќи на прашањата за изборот на Трајко Славески за гувернер на Народната банка, таа истакна дека одлуката ја донела самостојно, врз основа на неговата стручност, компетентност и професионален интегритет. Дополнително, ги отфрли обвинувањата за поврзаност меѓу нејзиниот предлог за гувернер и влезот на „Алта банка“ во земјава, оценувајќи ги како „бизарни“ и „бесмислени“. Погледнете го видеото каде Сиљановска-Давкова влезе во клинч со пратениците од СДСМ.

Жан Митрев