Македонија

НЕМАЖЕНИТЕ И НЕЖЕНЕТИТЕ НЕ СЕ ОПФАТЕНИ СО ВЛАДИНАТА МЕРКА: Поевтини станови ќе има само за брачните двојки

НЕМАЖЕНИТЕ И НЕЖЕНЕТИТЕ НЕ СЕ ОПФАТЕНИ СО ВЛАДИНАТА МЕРКА: Поевтини станови ќе има само за брачните двојки

Владата најавува повластено купување станови и ослободување од комуналии за изградба на куќи, но овие мерки нема да важат за сите млади граѓани. Поевтини станови ќе има само за брачните двојки. Според најавеното законско решение, право на поволностите ќе имаат исклучиво брачни двојки до 35 години, додека самците нема да бидат опфатени. Становите во новоградбите ќе се продаваат по најмалку 20 проценти пониска цена од просечната пазарна вредност во соодветната катастарска општина.

МЛАДИТЕ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ КУПУВААТ ПОЕВТИНИ СТАНОВИ: Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе бидат со 20 отсто пониска цена

Градежните компании ќе треба да издвојуваат најмалку 10 проценти од станбената површина во новите објекти за оваа категорија купувачи. Цените ќе се пресметуваат врз основа на реализираните купопродажби во претходната календарска година. Втората мерка предвидува ослободување од комуналии за брачните двојки до 35 години кои ќе градат сопствена куќа. За двете мерки допрва треба да бидат подготвени законски решенија и наскоро ќе бидат познати сите детали.

Жан Митрев