Македонија

МПЦ-ОА ГО ОСУДИ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ФЕМИЦИДОТ: Најавени едукативни активности за свештенството

МПЦ-ОА го осуди насилството врз жените и фемицидот и најави едукативни активности за свештенството за препознавање и поддршка на жртвите.

МПЦ-ОА ГО ОСУДИ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ФЕМИЦИДОТ: Најавени едукативни активности за свештенството

Македонската православна црква – Охридска архиепископија го осуди насилството врз жените и фемицидот, оценувајќи дека станува збор за сериозен општествен проблем кој бара реакција од сите. Од Црквата најавија едукативни активности за свештенството, со цел подобро препознавање на насилството, неговите различни облици и последиците што ги остава врз жртвите. Најавата доаѓа во период на засилени јавни реакции и повици за поголема институционална одговорност по повеќе случаи на фемицид и протести на кои се бара системска заштита на жените.

МОбука за препознавање на насилството врз жените

Предвидените активности треба да им помогнат на свештените лица подобро да ги препознаваат случаите на насилство и да знаат како да постапат кога ќе се соочат со жени кои се изложени на ваква опасност. Фокусот ќе биде ставен и на разбирањето на последиците од насилството, како и на начините на кои може да им се обезбеди поддршка на жртвите.

Потребна е реакција од целото општество

Од МПЦ-ОА посочуваат дека насилството не може да се оправда и дека се неопходни подигање на свеста, препознавање на проблемот и активна поддршка на жените. Пораката доаѓа во време кога јавноста сè погласно бара конкретни мерки и системска заштита, наместо декларативни осуди по трагичните случаи на фемицид.

ОЗНАКИ: МПЦ
Жан Митрев