Хроника

УТРЕ ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО ЗА НАПАДОТ ВРЗ САРА ВО ОХРИД: Кристијан Корабоски обвинет за три кривични дела

Во Основниот суд во Охрид утре започнува судењето против 31-годишен обвинет за напад врз 26-годишна девојка, за три кривични дела.

УТРЕ ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО ЗА НАПАДОТ ВРЗ САРА ВО ОХРИД: Кристијан Корабоски обвинет за три кривични дела

Утре во 11 часот во Основниот суд во Охрид започнува судењето против 31-годишниот Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната С.Ѓ. Предметот ќе го води судијката Александра Поп Стефанија. Настанот се случил на 15 ноември, околу 2 часот по полноќ, по претходна расправија во домот на обвинетиот, која продолжила и во автомобилот.

Нападот на Кристијан продолжил и по запирањето на автомобилот

Според информациите од МВР, К.К. физички ја нападнал својата девојка, а нападот продолжил и откако го запрел возилото, при што таа изгубила свест. Повредената била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во Специјалната болница „Св. Еразмо“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Обвинение за три кривични дела  

Основното јавно обвинителство во Охрид поднесе обвинение против К.К. за телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. На обвинетиот му е одреден притвор во траење од 30 дена. Судењето започнува утре во 11 часот во Основниот суд во Охрид.

ОЗНАКИ: Охрид
Жан Митрев