Спорт

(ВИДЕО) МАКЕДОНСКА МАГИЈА ВО БЕЛГИЈА: Гаштаров со голема мајсторија ја спаси Звезда од пораз

Македонскиот фудбалер Матеј Гаштаров постигна прекрасен гол во 85. минута за реми на Црвена Звезда против Гент во Конференциската лига.

(ВИДЕО) МАКЕДОНСКА МАГИЈА ВО БЕЛГИЈА: Гаштаров со голема мајсторија ја спаси Звезда од пораз

Големиот македонски фудбалски талент Матеј Гаштаров се најде во центарот на вниманието откако со прекрасен погодок ја спаси Црвена Звезда од пораз на гостувањето кај Гент во Конференциската лига. Српскиот шампион долго време имаше негатива од 1-0 и беше пред пораз во Белгија, но македонскиот фудбалер се погрижи за израмнување во самиот финиш. Во 85. минута, по додавањето од Хандел, Гаштаров направи вистински слалом низ противничката одбрана и со извонредна индивидуална акција ја затресе мрежата за 1-1.

Меѓу тројца противници за гол во 85. минута за Звезда 

Гаштаров успеа да се ослободи од тројца противнички фудбалери, а потоа со прецизен удар ја испрати топката во голот на Гент. Неговиот потег предизвика големо внимание, а погодокот донесе важен бод за Црвена Звезда на гостувањето во Белгија.

Прв гол сезонава за Гаштаров

За Гаштаров ова е прв сезонски погодок во дресот на Црвена Звезда. Претходно, тој забележа и асистенција против Лугано во истото натпреварување, со што продолжува да остава свој белег во настапите на српскиот клуб во Конференциската лига.

Жан Митрев