Спорт

СРБИТЕ СЕ ПОМИРИЈА СО ОДЛУКАТА НА ГАШТАРОВ: Матеј ќе игра за Македонија

Матеј Гаштаров ја избра Македонија пред Србија и доби повик од Гоце Седлоски за претстојните натпревари во Лигата на нации.

СРБИТЕ СЕ ПОМИРИЈА СО ОДЛУКАТА НА ГАШТАРОВ: Матеј ќе игра за Македонија

Фудбалерот на Црвена звезда го избра македонскиот дрес

Матеј Гаштаров и официјално ќе настапува за македонската фудбалска репрезентација, откако го избра македонскиот дрес пред можноста да игра за Србија. Талентираниот 19-годишен играч за врска на Црвена звезда се најде на списокот на селекторот Гоце Седлоски за претстојните натпревари во Лигата на нации. Седлоски потврди дека лично разговарал со Гаштаров и дека фудбалерот му кажал оти со душа чека да пристигне во репрезентативниот кампус на Македонија. Гаштаров претходно ги помина младинските категории на Македонија, а во изминатиот период за него интерес покажуваше и Фудбалскиот сојуз на Србија. Српските медиуми денеска објавија дека Србија не успеала да го придобие фудбалерот, кој одлучил да настапува за земјата на своето потекло. За Гаштаров ова ќе биде прв повик во сениорската репрезентација, откако досега беше дел од младинските селекции. Македонија во Лигата на нации ќе игра против Швајцарија, Словенија и Шкотска.

Матеј со премиерен повик за А репрезентацијата

Гаштаров е еден од четворицата дебитанти на списокот на Седлоски за претстојниот циклус. Покрај него, премиерни повици добија и Анес Мелиќи, Ѓорѓе Џеков и Христијан Малески.