Магазин

ЕУ ОТВОРА ВРАТА ЗА КАНАДА: Фон дер Лајен предлага статус на придружна членка

Урсула фон дер Лајен предложи ЕУ да работи со Канада на отворање на можноста за статус на прва придружна членка на Унијата.

ЕУ ОТВОРА ВРАТА ЗА КАНАДА: Фон дер Лајен предлага статус на придружна членка

Предлогот го објави во говорот за состојбата на Унијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска предложи Европската Унија да го подигне партнерството со Канада на највисоко можно ниво. Во своето обраќање пред Европскиот парламент таа изјави дека ЕУ сака заеднички да работи на отворање на вратата за Канада да стане прва придружна членка на Унијата. На седницата присуствуваше и канадскиот премиер Марк Карни, кој утре треба да се обрати пред Европскиот парламент. Фон дер Лајен оцени дека Европа и Канада делат заеднички вредности поврзани со демократијата и дека доброволното здружување на силите може да придонесе за поголема безбедност и просперитет. Таа во говорот ги посочи и новите трговски договори со Австралија, Индија, Меркосур, Мексико и Индонезија како дел од европската стратегија за зајакнување на партнерствата. Според неа, ЕУ мора да ги преиспита своите партнерства и да гради глобални коалиции за поголема отпорност и зајакнување на демократијата. Предлогот за Канада во Европскиот парламент беше проследен со стоечки овации.

Канада би добила нов вид партнерство со ЕУ

Фон дер Лајен нагласи дека предложениот модел не е насочен против други држави, туку кон зајакнување на соработката меѓу Европа и Канада. Станува збор за предлог за нов тип статус, а не за класично полноправно членство во ЕУ, додека конкретните детали за неговото функционирање допрва треба да бидат утврдени.