Македонија
Дознај прв
МАКЕДОНСКО ДЕТЕ НА 11 ГОДИНИ ОСВОИ 1.440 ПОЕНИ НА SAT: Македон е примен во програмата на „Џонс Хопкинс“
Македон Димитровски на 11 години освои 1.440 поени на SAT, а сега е примен во програмата за талентирани млади при „Џонс Хопкинс“.

Македон зад себе има повеќе од 20 златни медали
Дванаесетгодишниот Македон Димитровски е примен во програмата за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Балтимор, откако постигнал исклучителни резултати на тестирањето. Уште на 11-годишна возраст, Макед освоил 1.440 поени на SAT тестот, од кои 740 по математика и 700 по читање и пишување. За постигнатиот резултат се стекнал и со признанието „Grand Honors / SET“, највисоката категорија во програмата. Зад себе има и повеќе од 20 златни медали освоени на меѓународни математички натпревари. Центарот за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“ користи тестови над нивото предвидено за возраста за да ги идентификува учениците со исклучително развиени способности.
Ќе има пристап до специјализирани образовни програми
Со приемот во CTY, Макед добива пристап до образовни програми наменети за ученици чии способности се неколку нивоа над нивната генерација. Според неговиот татко Владимир Димитровски, зад досегашните резултати стојат големата љубов кон знаењето и континуираната работа.
