Македонија
Дознај прв
КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА ЌЕ ОДАТ ВО ЗАТВОР: Привремено ќе бидат сместени во Идризово и Прилеп

Одземениот добиток (кравите) од Крива Паланка привремено ќе биде сместен во Казнено-поправните домови во Идризово и Прилеп. Ова е предвидено со Акцискиот план за справување со проблемот со добитокот кој со години неконтролирано се движи низ општината.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека денеска започнала оперативната реализација на планот. Следниот чекор е мапирање на локациите на кои се наоѓа добитокот, со цел да се утврдат неговата бројност, распространетоста и пристапноста на теренот. Во процесот се вклучени седум државни институции, меѓу кои Министерствата за земјоделство и за внатрешни работи, како и Агенцијата за храна и ветеринарство. Разгледана е и можноста дел од одземените животни, согласно законските прописи, да бидат отстапени на здруженија на сточари и млади сточари.

