Македонија

САРА ДОЈДЕ СО МОДРИНКА НА ОКОТО, КОРАБОСКИ НЕ СЕ ПОЈАВИ: Одложено судењето за 1 декември

САРА ДОЈДЕ СО МОДРИНКА НА ОКОТО, КОРАБОСКИ НЕ СЕ ПОЈАВИ: Одложено судењето за 1 декември

Со видлива модринка на десното око, Сара Ѓорѓиеска денеска се појави во Основниот суд во Охрид, подготвена да се соочи со Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз неа. Сепак, Корабоски не се појави во судницата, иако бил спроведен во судот и се наоѓал во притворското одделение. Рочиштето беше одложено за 1 декември, откако обвинетиот побарал изземање на сите јавни обвинители во Основното јавно обвинителство во Охрид.

ТАТКОТО НА КРИСТИЈАН КОРАБОСКИ ЌЕ СЕ ГОНИ ЗА ПОМАГАЊЕ ПРИ ИЗВРШУВАЊЕ НА КРИВИЧНО ДЕЛО!?

Барањето за изземање на судиите било одбиено, додека за обвинителите сè уште се чека одлука. Адвокатот на Сара, Ѓоко Шајн, оцени дека станува збор за обид за одолговлекување на постапката и избегнување одговорност. Обвинителството го товари Корабоски за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. Нападот се случил на 15 ноември, а следното рочиште е закажано за 1 декември.

Жан Митрев