Македонија

КРИВА ПАЛАНКА БЛЕСНА ВО НОВОГОДИШНА МАГИЈА: Илјадници светилки, огномет и насмеани детски лица ја означија празничната сезона

Во Крива Паланка свечено беа запалени новогодишната елка и празничното осветлување на плоштадот. Градоначалникот Сашко Митовски најави празнична програма.

КРИВА ПАЛАНКА БЛЕСНА ВО НОВОГОДИШНА МАГИЈА: Илјадници светилки, огномет и насмеани детски лица ја означија празничната сезона

Крива Паланка блесна во новогодишно и празнично руво, откако вечерва свечено беа запалени новогодишната елка и празничното осветлување на градскиот плоштад. Градоначалникот Сашко Митовски објави фотографии од настанот и ја сподели атмосферата од градот, исполнет со светилки, насмевки и празнична радост. „Илјадници светилки, безброј насмевки и детски очи полни со магија. Бајковита наша Крива Паланка!“, напиша Митовски.

Плоштадот исполнет со празнична атмосфера во Крива Паланка

Градоначалникот им се заблагодари на граѓаните кои присуствувале на свеченото палење и придонеле за атмосфера исполнета со топлина и радост. Празничното осветлување го означи почетокот на новогодишниот период во градот, со посебна магија за најмладите.

крива

Најавени нови празнични случувања

Митовски порача дека свеченото палење на елката е само почеток на предновогодишната програма и празничните настани во Крива Паланка. „Блескај ни, наша најубава!“, порача градоначалникот.

крива

Жан Митрев