Македонија

ОБЛАЧНО СО ДОЖД И СНЕГ: Попладне се очекува заладување, на планините снежни врнежи

Прогноза за 28 ноември: Облачно со дожд, локално над 20 литри на квадратен метар. Попладне врнежите на повисоките места ќе преминуваат во снег.

ОБЛАЧНО СО ДОЖД И СНЕГ: Попладне се очекува заладување, на планините снежни врнежи

Во Македонија денеска ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и може да надминат 20 литри на квадратен метар за 24 часа. На планините врнежите ќе бидат од снег, а попладне, со продорот на постуден воздух од север, дождот на некои од повисоките места ќе преминува во снег. Ќе дува умерен ветер, кој во североисточните делови и долж Повардарието повремено ќе засилува до силен северен ветер.

Температурите низ земјава

Утринските температури ќе се движат од 0 до 8 степени, додека дневните максимални ќе достигнат од 5 до 12 степени. Најстудено ќе биде во северозападните и западните делови, каде што се очекуваат пониски температури и можност за снежни врнежи на повисоките места.

Во Скопје дожд, кон крајот на денот можен снег

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во делови од котлината повремено ќе засилува северен ветер. Максималната температура ќе достигне околу 8 степени.

Жан Митрев