Скопје
Дознај прв
(ФОТО) ГОЛЕМА ГУЖВА ВО „ИСТ ГЕЈТ“ И ДЕН ПО BLACK FRIDAY: Врнежливото време ги наполни затворените трговските центри

Вчера беше Black Friday, но голема фреквенција на граѓани и денеска има во трговските центри во Скопје. Врнежливото време дополнително ги насочи граѓаните кон затворените молови, каде што многумина го искористија денот за шопинг. Најголем метеж е забележан во трговскиот центар „Ист Гејт“, каде што возачите чекаат во долги колони за влез во гаражата. Гужвата се забележува и внатре во трговскиот центар, каде што има зголемен број посетители во продавниците. Сликите од гаражата покажуваат колкав е интересот на граѓаните за шопинг и ден по официјалниот Black Friday. Останува прашањето дали купувачите навистина ги користат големите попусти или станува збор за маркетиншки стратегии со кои продавниците привлекуваат потрошувачи. Дел од граѓаните и претходно реагираа дека одредени попусти не се реални, отворајќи ја повторно дилемата колку навистина се исплати купувањето за време на Black Friday.

Сепак, додека едни ги користат акциските понуди за купување, дел од потрошувачите реагираат дека попустите се фиктивни.
View this post on Instagram
Таков пример беше реакцијата за продавницата „Сетек“, каде граѓанин објави дека наместо поевтинување, цените на одредени лаптопи биле зголемени за 2.000 денари.
Останува прашањето колку од понудените попусти навистина носат заштеда за потрошувачите. Што мислите вие, дали попустите се реални или далеку од тоа?

