Регион
Дознај прв
СРБИЈА ПОВЛЕЧЕ РЕЧИСИ 25.000 ЕЛЕКТРОНСКИ ЦИГАРИ: Производите не ги исполнувале законските услови
Србија повлече 24.852 електронски цигари вредни околу 24 милиони динари бидејќи не ги исполнувале условите од Законот за тутун.

Српските надлежни институции повлекоа од продажба вкупно 24.852 електронски цигари со различни вкусови, откако при вонредна инспекциска контрола биле утврдени неправилности. Производите, чија вредност се проценува на околу 24 милиони динари, не биле усогласени со одредбите од српскиот Закон за тутун.
Забранета нивната понатамошна продажба
Контролата ја спровела Земјоделската инспекција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија. По утврдените недостатоци, инспекторите наредиле електронските цигари да бидат повлечени од пазарот и ја забраниле нивната понатамошна продажба. Забраната ќе важи сè додека не бидат отстранети неправилностите поради кои производите не ги исполнувале законските услови.
Не се објавени брендовите и вкусовите
Министерството засега не објави детална листа со брендовите и вкусовите опфатени со мерката, ниту прецизираше за какви конкретни неправилности станува збор. Надлежните соопштија дека целта на контролите е заштита на потрошувачите и обезбедување еднакви услови за компаниите што продаваат тутунски и сродни производи. Засилените инспекциски контроли ќе продолжат и во следниот период, а повлекувањето не претставува општа забрана за сите електронски цигари во Србија.
