Економија
Дознај прв
ТЕНЗИИТЕ МЕЃУ САД И ИРАН ЈА ПОСКАПЕА НАФТАТА: Барелот надмина 79 долари
Цените на нафтата се искачија над 79 долари за барел по новите тензии меѓу САД и Иран и нарушениот сообраќај низ Ормускиот теснец.

Цените на нафтата нагло пораснаа на меѓународните пазари по новото зголемување на тензиите меѓу САД и Иран околу сообраќајот низ Ормускиот теснец. Барел нафта на лондонскиот пазар попладнево се тргуваше по 79,34 долари, што претставува раст од 3,33 долари во однос на крајот од минатата недела. На американскиот пазар цената се зголеми за 3,16 долари и достигна 74,57 долари за барел.
Страв од нови напади и блокада на теснецот
Инвеститорите стравуваат од нов бран напади во близина на Ормускиот теснец, кој е еден од најважните светски коридори за транспорт на нафта. Иран претходно предупреди дека може повторно да го затвори теснецот, а во текот на викендот сообраќајот бил блокиран по новите американски напади. Според податоците на компанијата Kpler, во неделата низ теснецот поминале само шест брода, што е најмал број во последните пет недели.
Трамп најави поморска блокада на Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп дополнително ги зголеми тензиите со тврдењето дека теснецот е отворен за комерцијален сообраќај и дека САД повторно воведуваат поморска блокада на Иран. Пазарите внимателно ја следат ситуацијата бидејќи секое подолго нарушување на сообраќајот низ Ормускиот теснец може дополнително да ги зголеми цените на нафтата.
