Македонија
Дознај прв
УТРЕ СОНЧЕВО И ДО 37 СТЕПЕНИ: Попладне се очекува локално невреме со дожд, грмежи и град
Утре ќе биде сончево и многу топло со температура до 37 степени, а попладне се очекуваат пороен дожд, грмежи, ветер и локален град.

Утре времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност.
Минималните температури ќе се движат од 12 до 21 степен, додека дневните максимални температури ќе достигнат од 32 до 37 степени.
Попладне услови за локално невреме
Во попладневните и вечерните часови се очекува локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На одредени места ќе има услови за изолирано невреме со појава на град.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа повремено ќе засилува.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност.
Попладне во делови од Скопската Котлина се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата ќе се движи од 16 до 35 степени.
Значително заладување до крајот на неделата
До петок времето ќе биде под влијание на серија влажни и нестабилни воздушни маси.
Се очекува променливо облачно време со локален пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во петок се прогнозираат пообилни врнежи, а поради навлегување постудена воздушна маса од север, температурите значително ќе се намалат.
