Хроника

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) МАКЕДОНКА УАПСЕНА ВО ЦРНА ГОРА: Прегазила куче со автомобил, па се обидела да ја напушти државата

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) МАКЕДОНКА УАПСЕНА ВО ЦРНА ГОРА: Прегазила куче со автомобил, па се обидела да ја напушти државата

Државјанка на Македонија е уапсена денеска во Улцињ, откако било пријавено дека со автомобил прегазила куче. Полицијата ја добила пријавата околу 16 часот и набргу го пронашла возилото и ја идентификувала жената која управувала со него. Таа била приведена во просториите на полицијата во Улцињ.

Според неофицијалните информации објавени по црногорските медиуми, по инцидентот се обидела да ја напушти Црна Гора, но полицијата ја спречила. На социјалните мрежи се појавила вознемирувачка снимка на која се гледа како возилото прегазува шарпланинец.

Погледнете го вознемирувачкото видео:

За случајот е известено и надлежното обвинителство, кое треба да се произнесе за делото. Од невладината организација „Пријатели на животните“ побараа итна реакција и одговорност во согласност со законот.