Регион
Дознај прв
ВИДЕО – ДРАМАТИЧНА ЕВАКУАЦИЈА НА КРИТ: 51 лице спасено од плажа по морски пат
Поради големиот пожар на Крит, 51 лице беше евакуирано по морски пат од плажата Превели. Сите спасени се во добра состојба.

Педесет и едно лице биле евакуирани по морски пат од плажата Превели, во јужниот дел на грчкиот остров Крит, поради големиот пожар што избувнал претходниот ден. Огнот сè уште не е ставен под целосна контрола, поради што била организирана итна операција за извлекување на луѓето од загрозеното подрачје. Во акцијата учествувале патролен брод на грчката крајбрежна служба и два приватни чамци.
Евакуацијата се одвивала во тешки услови
Од крајбрежната служба објавиле видео од спасувачката операција и соопштиле дека таа се одвивала во неповолни временски услови. На подрачјето дувале силни северни ветрови со јачина од осум степени според Бофоровата скала. И покрај тешките услови, сите 51 лице биле безбедно извлечени од плажата.
Сите спасени се во добра здравствена состојба
Евакуираните лица биле пренесени до пристаништето во местото Агиа Галини и сите се во добра здравствена состојба. Акцијата била координирана од грчкото Министерство за климатска криза и цивилна заштита, координативниот центар за управување со кризи и крајбрежната служба. Во загрозената област останале еден спасувачки брод и два приватни чамци, а кон местото бил упатен и брод на ФРОНТЕКС.

