Македонија
ОД 2 ЈУЛИ ДИРЕКТЕН ЛЕТ АНКАРА – СКОПЈЕ: Договорено и карго железничко поврзување со Турција

Од 2 јули ќе биде воведена нова директна авиолинија меѓу Анкара и Скопје, најави министерот за транспорт Александар Николоски. Летовите ќе ги реализира авиокомпанијата АЏет, без користење државни субвенции. Договорено е и воспоставување карго железничко поврзување меѓу Македонија и Турција. Николоски истакна дека договорите биле постигнати на средбите со турските министри за трговија, транспорт и инфраструктура. Според него, поврзувањето треба да придонесе за зголемување на трговската размена и инвестициите меѓу двете земји. Тој додаде дека голем број турски компании покажуваат интерес за инвестирање во Македонија.
