Македонија

ОХРИД СЕ ПОВРЗА СО ВИЕНА: Од денеска стартуваат директни летови

ОХРИД СЕ ПОВРЗА СО ВИЕНА: Од денеска стартуваат директни летови

Од денеска патниците од Охрид и регионот ќе можат директно да патуваат до Виена, откако официјално започнува новата авиолинија меѓу двата града. Линијата ќе ја опслужува авиокомпанијата „Остријан ерлајнс“. По повод пристигнувањето на првиот лет од Виена, на охридскиот аеродром ќе се одржи прес-конференција. На настанот ќе се обратат генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на Австрија во Скопје, Матијас Хуменбергер, како и Штефан Линхарт од групацијата „Луфтханза“. Воспоставувањето на новата авиолинија се очекува да придонесе за развојот на туризмот и за подобро поврзување на Охрид и регионот со европските дестинации. Со оваа линија, патниците добиваат директна авионска врска меѓу Охрид и Виена.