Македонија

(ВИДЕО) ГОЛЕМ МЕТЕЖ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ: Повеќе од два часа се чека на Евзони за влез во Македонија

(ВИДЕО) ГОЛЕМ МЕТЕЖ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ: Повеќе од два часа се чека на Евзони за влез во Македонија

Големи колони автомобили вечерва се забележуваат на граничните премини Богородица и Табановце, каде граѓаните се враќаат во Македонија по продолжениот викенд. На Богородица, за влез во земјава од Грција се чека нешто повеќе од два часа. Голем број македонски граѓани викендот го поминаа на грчките плажи, а видеото од метежот пристигна до редакцијата на 24часа. Зголемена фреквенција има и на Табановце, каде за влез од Србија се чека околу еден час. Дел од патниците викендот го поминале во Белград и околните места. Меѓу нив имало и граѓани кои присуствувале на УФЦ спектаклот во српската престолнина. Колоните покажуваат дека враќањето по продолжениот викенд предизвика голем притисок на двата гранични премини.

Еве како е на Табановце.