Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) УНГАРЕЦ СО 200.000 ЕВРА ВО ПОВЕЌЕ ТОРБИ: Цариниците го спречија обидот за нелегален внес на девизи
Унгарски државјанин се обидел да внесе 200.000 евра преку Табановце без да ги пријави. Цариниците ги пронашле парите скриени во повеќе торби.

Парите биле сокриени на различни места во возилото
Мобилните тимови на Царинската управа спречиле обид за нелегално внесување на 200.000 евра преку граничниот премин Табановце. При контрола на возило со кое управувал унгарски државјанин, царинските службеници извршиле детален преглед поради сомнеж дека се внесуваат непријавени девизни средства. Во црна платнена торбичка, скриена меѓу менувачот и седиштето, биле пронајдени 65.000 евра.
Девизи биле скриени во торби и куфер
При понатамошниот преглед, во ранец на задното седиште, под компјутер, била пронајдена торбичка со 37.650 евра, додека во куферот, помеѓу гардеробата, имало уште 97.350 евра. Од вкупно пронајдените 200.000 евра, согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени 10.000 евра, а 190.000 евра се задржани со потврда за задржани средства. Против унгарскиот државјанин е поднесена соодветна прекршочна пријава.
